МО РФ тестира нова воена техника на Арктикот

Министерството за одбрана на Русија објави дека ќе тестира нови примероци воена техника на Арктикот.

Телевизијата „Прв канал“ објави кадри од тестирањето на нови примероци нова техника на Арктикот.

Претходно Министерството за одбрана на Русија соопшти дека специјалистите планираат да поминат на техника за снег и кал од јакутското село Тикси до островот Котелни, а потоа назад по замрзнатото Лаптевско море и крајбрежната зона.

Ќе бидат тестирани дводелни гасенични транспортери, армиски снегооди и специјални транспортни средства со гуми со супернизок притисок, пренесува РИА „Новости“.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња