Лавров и Могерини разговараа за ситуацијата на истокот на Украина

Шефовите на руската и европската дипломатија, Сергеј Лавров и Федерика Могерини, се сретнаа на маргините на Минхенската конференција за безбедност.

Министерот за надворешни работи на Русија Сергеј Лавров на маргините на Минхенската конференција за безбедност разговараше со Високиот комесар за надворешна политика на ЕУ Федерика Могерини за ситуацијата на истокот на Украина, се вели во соопштението на сајтот на Европската служба за надворешни активности.

Могерини потенцираше дека Европската унија потполно го поддржува исполнувањето на „Минската спогодба“. Истовремено, таа „ја истакна одговорноста на Русија по ова прашање“. Могерини исто така го истакна учеството на ЕУ во работата на „Нормандиската четворка“ и ОБСЕ.

Покрај тоа, страните разменија мислеа во однос на прашањата за поддршката за мирно решение на Блискиот Исток, ситуациите во Авганистан и Либија. Лавров и Могерини исто така дискутираа и за ситуацијата во Сирија во рамките на продолжението на преговорите во Женева на 23 февруари и претстојната конференција за сириското прашање во Брисел.

Шефот на руското МНР и високиот комесар на ЕУ за надворешна политика се договорија да ги задржат тесните контакти за овие прашања во наредниве недели, следува од документот, пренесува РБК.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња