Иран сака да создаде сојуз со Русија на Блискиот Исток

Иран сака да создаде стратешка алијанса со Русија на Блискиот Исток, изјави Али Лариџани, претседател на иранскиот парламент.

Техеран се стреми кон создавање стратешка алијанса со Москва во блискоисточниот регион, изјави во интервју за телевизијата „Ал Мајадин“ претседателот на иранскиот парламент Али Лариџани.

Тој истакна дека Техеран и Москва „немаат несогласување“ за клучните прашања од блискоисточната агенда, особено за сириското решение.

Иран паралелно со Русија и Турција е гарант на примирјето во Сирија. Токму со помош на трите земји во Астана првпат се одржаа директни преговори меѓу претставниците на сириските власти и опозицијата, пишува РИА „Новости“.

Лариџани исто така ја поздрави идејата за воспоставување директен дијалог меѓу Иран и арапските земји, меѓу другото и со својот главен конкурент во регионот – Саудиска Арабија. Притоа тој потенцира дека таквата комуникација треба да се одвива „без какви било предуслови“.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња