Шојгу очекува од Пентагон објаснување на зборовите на Матис за Русија

Обидите за изградба на дијалог со Москва од позиција на сила се бесперспективни, изјави министерот за одбрана на Русија Сергеј Шојгу.

Русија е подготвена да ги гради односите со американската страна, но обидите за дијалог од позиција на сила се бесперспективни, изјави министерот за одбра на Русија генерал на армија Сергеј Шојгу.

„Подготвени сме за обнова на соработката со Пентагон. Но обидите за изградба на дијалог од позиција на сила во однос на Русија се бесперспективни“, изјави Шојгу, пренесува РИА „Новости“.

На тој начин шефот на рускиот одбранбен ресор му одговори на министерот за одбрана на САД Џејм Матис, кој претходно изјави дека САД остануваат приврзани на обновата на соработката со Русија, но имаат намера да разговараат со Москва „од позиција на сила“.

Министерот исто така истакна дека очекува на Москва ќе ѝ биде објаснета позицијата на Пентагон во текот на средбата меѓу началникот на Генералштабот на ВС Русија Валериј Герасимов со неговиот американски колега Џозеф Данфорд која ќе се одржи денеска во Баку.

 

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња