Кремљ: Русија и САД губат време

Москва и Вашингтон губат време не посветувајќи им внимание на проблемите кои не можат да бидат надминати индивидуално, изјави портпаролот на претседателот на Русија Дмитриј Песков.

„Се надеваме дека порано или подоцна ќе почне процесот на изградба на нормални деловни односи со Вашингтон“, изјави Песков, пренесува „Взгљад“.

Претходно Песков изјави дека нема ништо конкретно околу прашањето за одржување на средба меѓу претседателите на Русија и САД. Притоа портпаролот не исклучи можност за средба меѓу Путин и Трамп пред самитот на Г-20 во јули.

На 10 февруари Путин по разговорите со претседателот на Словенија Борут Пахор изјави дека Љубљана може да биде местото на средба на лидерите на Русија и САД. Путин исто така изјави дека се надева на обнова на односите со САД.

Авторските права на материјалите се во сопственост на редакцијата. При објавувањето на материјали од порталот „Руска реч на македонски“ во друг медиум, задолжително треба да се постави активен линк кон страницата од која е преземен текстот.
+
Лајкнете нѐ на Фејсбук.