Трамп: Обама беше премногу благ околу Крим

Претседателот на САД Доналд Трамп го критикуваше својот претходник Барак Обама во однос на прашањето за Крим.

Претседателот на САД Доналд Трамп смета дека неговиот претходник Барак Обама бил премногу благ спрема Русија по прашањето за Крим, пренесува „Интерфакс“.

„Русија го зеде Крим за време на мандатот на администрацијата на Обама. Нели беше тој премногу благ во односот спрема Русија“, напиша Трамп на „Твитер“.

 Претходно портпаролот на Белата куќа Шон Спајсер изјави дека претседателот на САД Доналд Трамп очекува Русија да се зафати со деескалација на конфликтот во Украина и „да го врати Крим“.

Портпаролот на Министерството за надворешни работи на Русија Марија Захарова, коментирајќи ја изјавата на Белата куќа за Крим, изјави дека Москва „свои територии не враќа“.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња