Лавров и Тилерсон ќе се сретнат на 16 февруари во Бон

Шефот на Министерството за надворешни работи на РФ ќе има неколку билатерални средби на 16-17 февруари на маргините на состанокот на Г-20 во Бон.

Министерот за надворешни работи на Русија Сергеј Лавров ќе има на 16-17 февруари на маргините на состанокот на Г-20 во Бон низа билатерални средби, на пример со шефовите на дипломатиите на САД и Германија – Рекс Тилерсон и Зигмар Габриел. Ова го соопшти портпаролот на МНР РФ Марија Захарова, пренесува ТАСС.

„Лавров ќе одржи на маргините на „дваесетката“ во Бон состаноци со Тилерсон и Габриел“, изјави така. Покрај тоа, на маргините на состанокот „ќе се одржат голем број билатерални средби и контакти“.

„На 16 февруари во Бон се планирани средби на министерот за надворешни работи на Русија Сергеј Лавров со шефовите на дипломатиите на САД и Германија – Рекс Тилерсон и Зигмар Габриел“, истакна Захарова. „Има информација за можноста за одржување средба со кинеските колеги, планирана е и се договара средба со шефовите на МНР Бразил и на ЈАР“.

Според неа, не е исклучено одржување и на дополнителни средби. На пример, на 17 февруари на маргините на Г-20 „се работи на одржување средби со шефовите на МНР Италија, Јапонија“. „Можни се и дополнителни контакти“, додаде таа.


 

Авторските права на материјалите се во сопственост на редакцијата. При објавувањето на материјали од порталот „Руска реч на македонски“ во друг медиум, задолжително треба да се постави активен линк кон страницата од која е преземен текстот.
+
Лајкнете нѐ на Фејсбук.