Песков: Руските медиуми заслужуваат само аплауз

Тврдењата дека руските медиуми се обидуваат да влијаат некаде се апусрдни, изјави портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков.

Портпаролот на претседателот на Русија Дмитриј Песков ги коментираше обвинувањата на западните политичари упатени на адреса на ТВ-каналот RT и агенцијата „Спутник“.

„Ни ласка што слушаме дека руските медиуми се популарни, тоа е голем плус. И, веројатно, тоа е голема заслуга на редакциските тимови во тие медиуми“, изјави Песков.

Според него, медиумскиот пазар е конкуренција, и доколку руските медиуми победуваат во таа конкуренција, тие заслужуваат само аплауз.

„Да се зборува дека нашите медиуми се обидуваат некаде да извршат влијание врз јавното мислење е апсолутно апсурдно“, потенцира портпаролот на Кремљ.

Претходно Ришар Ферар, сопартиец на кандидатот за претседател на Франција Емануел Макрон и генерален секретар на движењето „Напред“, ги обвини RT и „Спутник“ дека влијаат на францускиот „демократски живот“, без притоа да изнесе какви било докази, пренесува RТ

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња