Медведев: Именувањето на Курилските острови е суверено право на Русија

Портпаролот на претседателот на Русија Дмитриј Песков изјави дека Курилските острови се територија на Русија, затоа нивното именување е суверено право на земјата. Притоа Москва ќе ја одржува позитивната динамика во односите со Токио.

Како што истакна портпаролот на рускиот лидер, „ставот на Јапонија е добро познат“, пренесува „Взгљад“.

Минатиот петок островите, кои се дел од Сахалинската област на РФ, со указ на премиерот на Русија Дмитриј Медведев, добија имиња: еден од островите е наречен во чест на министерот за надворешни работи на СССР Громико, вториот – во чест на генералот на СССР Деревјанко, кој во 1945 година од советска страна го потпиша актот на капитулација на Јапонија. Како одговор на легалната одлука на владата на Русија, Токио реши да упати до Москва протесна нота.

Русија и Јапонија во моментов разгледуваат заеднички стопански активности на јужните Курилски острови.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња