Сибирски видео-клип со реклама за сланина стана хит на „Јутјуб“

Видео-клипот на сибирската компанија „Омска сланина“ (Омский бекон) за две недели беше прегледан над 1,5 милиони пати на „Јутјуб“.

Агенцијата од Екатеринбург „Штолцман и Кац“ успеа да создаде не само реклама, туку одлично музичко видео, весело и динамично. Од агенцијата го изјавија следново: „Во овој проект покажавме што е тоа вистински сибирски карактер. Овде се собраа млади Сибирци, кои не се плашат од студ. За нив не постојат пречки. Да се организира аквапарк во дупки во мраз е лесно! Да се стркала најголема топка снег е едноставно!“

Називот на видео-клипот одговара на неговото расположение: „На улица е минус – во срцето ни е плус“.

Во рекламата учествуваше музичарот и шоумен Андреј Али. Како што изјавија од агенцијата, во текот на снимањето на видеото надвор навистина било -30 степени, пренесува „Адиндекс.ру“.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња