Руската амбасада во Лондон реагира на „епидемијата“ на сајбер-напади

Руската амбасада во Велика Британија со иронија реагираше на обвинувањата на западните медиуми и политичари упатени на адреса на Москва за наводни хакерски напади од организирани од Русија.

„Епидемија ли е, или мода? На Запад сите тврдат дека ги хакирала Русија“, се вели во соопштението на руската амбасада во Лондон објавено на „Твитер“.

Објавата е проследена со фотографија на која една жена му објаснува на сообраќаен полицаец: „Не сум виновна, полицаецу. Русите ми го хакираа брзинометарот“.

Russian Embassy, UK ‏@RussianEmbassy  6h6 hours ago More  It's like epidemic, or fashion? in the West with everybody claiming being hacked by Russia. pic.twitter.com/95R0CW1FdLRussian Embassy, UK ‏@RussianEmbassy 6h6 hours ago More It's like epidemic, or fashion? in the West with everybody claiming being hacked by Russia. pic.twitter.com/95R0CW1FdL

 

Претходно во неделата весникот „Сандеј Тајмс“ објави дека Велика Британија забележува „значајна промена“ во сајбер-активностите на Русија и регистрира „пораст на бројот на хакерски напади“ наводно од руска страна врз британски државни институции.

Истиот ден, римскиот весник „Ил Месаџеро“ соопшти дека хакери, наводно поврзани со Русија, извршиле упад во компјутерите на Министерството за одбрана на Италија при што можеле да се здобијат со државни и воени тајни на земјата, пренесува „Взгљад“.

 

Авторските права на материјалите се во сопственост на редакцијата. При објавувањето на материјали од порталот „Руска реч на македонски“ во друг медиум, задолжително треба да се постави активен линк кон страницата од која е преземен текстот.
+
Лајкнете нѐ на Фејсбук.