Путин му го честиташе на Штајнмаер изборот за претседател на Германија

Претседателот на РФ Владимир Путин испрати телеграма со честитики до Франк-Валтер Штајнмаер по повод неговиот избор за претседател на Германија.

Рускиот лидер Владимир Путин испрати телеграма со честитки до социјалдемократот Франк-Валтер Штајнмаер по повод неговиот избор за претседател на Германија, соопштува прес-службата на Кремљ.

Путин го покани својот германски колега да ја посети Русија во секое време, а исто така изрази надеж за понатамошен развој на билатералните односи, пренесува „Лента.ру“.

Во неделата, 12 февруари, делегатите на Сојузното собрание на Германија го избраа Штајнмаер за претседател на земјата. Неговата кандидатура беше поддржана од 931 пратеник (за избор се потребни 631 глас).

Претходно Штајнмаер двапати беше на чело на Министерството за надворешни работи на Германија (2005-2009 и 2013-2017). Од 2007-2008 тој беше и заменик-канцелар.

Штајнмаер е 12-ти сојузен претседател на Германија.

 

Авторските права на материјалите се во сопственост на редакцијата. При објавувањето на материјали од порталот „Руска реч на македонски“ во друг медиум, задолжително треба да се постави активен линк кон страницата од која е преземен текстот.
+
Лајкнете нѐ на Фејсбук.