Иран реши да го отвори воздушниот простор за руските ВКС

Техеран ќе дозволи руски воени авиони да го користат воздушниот простор на Иран доколку истите имаат за цел терористички цели во Сирија, изјави секретарот на Врховниот совет за национална безбедност на Иран Али Шамхани.

Техеран не ја исклучува можноста авионите на руските Воздушно-космички сили да го користат воздушниот простор на Иран за борба против терористите во Сирија, изјави секретарот на Врховниот совет за национална безбедност на Иран, Али Шамхани, пренесува агенцијата „Мехр“.

„Иран и Русија соработуваат за Сирија повеќе од еднаш, координацијата е сеопфатна, опфаќа различни аспекти. Според тоа, Иран ќе дозволи во својот воздушен простор руски воени авиони во случај тие да се стремат да гаѓаат цели на терористите во Сирија“, изјави Шамхани. 

Сепак, тој истакна дека на иранските власти ќе им треба време за да го решат ова прашање, бидејќи е неопходно да се добијат соодветни дозволи од различни структури. Тој објасни дека обично во такви случаи се разгледуваат два аспекти: времето на предвидениот прелет и потребата за издавање на таква дозвола за странска воена авијација.

Во август минатата година авиони на ВКС РФ Ту-22M3 и Су-34 се појавија во 3-та воздухопловната база на ВВС Иран во близина на Хамадан. На 16 август авијацијата првпат изврши воздушни напади врз милитантите во Сирија, полетувајќи, како што особено истакна руското Министерство за одбрана, со полна борбена опрема. Подоцна истиот месец базирањето на руските авиони беше прекинато. Според медиумите, како причина беа наведени разликите кои се појавија меѓу Москва и Техеран, пишува „Лента.ру“.

Авторските права на материјалите се во сопственост на редакцијата. При објавувањето на материјали од порталот „Руска реч на македонски“ во друг медиум, задолжително треба да се постави активен линк кон страницата од која е преземен текстот.
+
Лајкнете нѐ на Фејсбук.