Могерини не е сигурна дека САД сакаат да ги задржат санкциите против Русија

Шефицата на европската дипломатија Федерика Могерини изјави дека не е сигурна во постојаноста на политиката на санкции на САД против Русија.

Еден ден претходно Могерини одржа низа средби во Белата куќа и Стејт департментот, вклучително и со државниот секретар на САД Рекс Тилерсон.

Според неа, страните се договориле за задржување на санкциите до спроведувањето на „Минската спогодба“.

„Но, јас не знам дали тоа ќе продолжи да биде заеднички став. Како што не вие не бевте на моите состаноци, така и јас не бев во Овалната соба, каде што претседателот Трамп му се јави на претседателот Путин“, додаде Могерини, зборувајќи во Вашингтон.

Таа истакна дека го смета тоа прашање за важно не само за Европејците. „Мислам дека ова е клучно прашање и за Конгресот (на САД)“, изјави шефицата на дипломатијата на ЕУ.

Притоа, таа потенцира дека „Европејците и понатаму ќе бидат обединети во однос на ова“.

„Не знам дали Американците ќе заземаат единствен став во однос на ова, но ние ќе заземаме“, вети Могерини, пренесува РИА „Новости“.

 

Авторските права на материјалите се во сопственост на редакцијата. При објавувањето на материјали од порталот „Руска реч на македонски“ во друг медиум, задолжително треба да се постави активен линк кон страницата од која е преземен текстот.
+
Лајкнете нѐ на Фејсбук.