„Хирург“ го претстави новиот руски мотоцикл „Волк“

Водачот на познатиот руски бајкерски клуб „Ноќни волци“ Александар Залдостанов - Хирург е убеден дека мотоциклот „Волк“ ќе се смета за почеток на новата ера на руската авто-мото индустрија.

Идејата за изработка на мотоциклот „Волк“ се родила пред повеќе години. Залдостанов вели дека секој пат кога седи на мотоцикл од странско производство има „чувство на недовршеност“. А Русија е голема држава, додава тој, која произведува современи воени авиони, тенкови и бродови. И невозможно е да не може да има современи автомобили и мотоцикли, вели Хирург, пренесува defence.ru.

Тој додаде дека „Волк“, се разбира, сѐ уште не е „Харли Дејвидсон“, но повеќе не е ни „Урал“ и „Днепар“.

„Очекувањата се оправдаа, тоа е наш руски мотоцикл, моќен, современ и унапреден според многу параметри. Убеден сум дека достојно ќе ја претстави Русија и ќе може да биде конкуренција на странските новитети“, истакна тој.

Според официјалните податоци, „Волк“ развива брзина до 100 километри за само седум секунди, а максимална брзина до 170 км/ч. Се претпоставува дека мотоциклот ќе се продава со шест нивоа на опрема. Почетната цена изнесува 250 илјади рубли (околу 4 илјади евра).

Засега не е познато кога и каде ќе почне сериското производство на мотоциклот.

Хирург е убеден дека мотоциклот има „вистински руски дух и волчи карактер“. Затоа веројатно ќе има голема побарувачка за него во Русија.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња