Донецк се збогува со командантот Гиви

Во Донецк се одржа панихида за Михаил Толстих-Гиви, командантот на баталјонот на бунтовниците „Сомалија“ .

„Херојот на Донецката Народна Република, полковникот Михаил Толстих (...) целиот свет ќе го запамети како легендарниот командант Гиви. Тој ќе остане во нашите сеќавања како непобедлив воин, вистински син на својот народ, бранител на Донбас“, ги пренесува „Донецката новинска агенција“ зборовите на лидерот на самопрогласената република Александар Захарченко.

„Гиви покажа што е тоа борбен дух, покажа што е тоа донбаски карактер. Со својот мал одред тој ги победуваше побројните непријателски сили и секогаш им нанесуваше тежок пораз во секоја битка“, потенцираше лидерот на ДНР.

Околу 4 илјади луѓе дојдоа да се збогуваат со легендарниот командант и тој број расте.

 

 

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња