Трамп и Путин планираат да ја прекројат картата на Европа

Доналд Трамп и Владимир Путин не планираат да ги градат односите со Европската унија како со целина, туку одделно со секоја нејзина членка и на тој начин сакаат да го поткопаат единството на Европа, сметаат угледни француски политичари, пишува „Индепендент“.

Доналд Трамп и Владимир Путин сигурно ќе се обидат да ја „прекројат картата на Европа по свое“. Ова го изјавија угледни француски политичари на чело со поранешниот премиер на земјата, а денес шеф на комитетот за европски прашања во францускиот Сенат Жан Пјер Рафарен, кои се наоѓаат во посета на Лондон.

Како што пишува „Индепендент“, според нив, американскиот претседател би можел да ја искористи за ослабување на Европската унија желбата на Лондон по „Брегзит“ да склучи трговски договор со Вашингтон.

Британската влада веќе навести колку е важни за неа да воспостави добри билатерални односи со САД по излегувањето од ЕУ. Француските претставници се плашат дека во својата антиевропска политика Трамп ќе го тестира единството на унијата, поттикнувајќи ги нејзините членки на склучување такви билатерални договори, пишува британскиот весник.

Истите методи би можел да ги употреби и Владимир Путин за да ја дестабилизира Алијансата, сметаат француските политичари. „Со Русија треба да почекаме, но господинот Путин ја гледа Европа во контекст на НАТО и тој исто така смета дека е пологично и за него поповолно воспоставувањето билатерални односи“, го цитира весникот нивното мислење, пренесува RT

Според нив, народот во Европа не сака рушење туку зајакнување на Европската унија, а Европа од кризите станува само посилна, ги пренесува нивните зборови „Индепендент“.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња