Путин уверен во неизбежноста на прекрасната иднина на Русија

Претседателот на Русија Владимир Путин изјави дека е уверен дека прекрасната иднина на Русија е неизбежна.

Во средата шефот на руската држава им врачуваше награди на млади научници од областа на науката и иновациите.

„Ги слушав нашите лауреати. Не само што ги слушав, им се восхитував на тоа како и што зборуваа. И како - сакам да потенцирам уште еднаш. И ми дојде многу едноставна, но многу добра мисла. Фундаменталните основи на кои стои нашата земја имаат толку длабоки, толку цврсти корени, што нејзината впечатлива, прекрасна иднина е неизбежна“, изјави Путин, пренесува РИА „Новости“.

Тој потенцираше дека младите руски научници даваат важен придонес во развојот на физиката, хемијата, медицината и другите науки. Претседателот смета дека денес е невозможно да се решат основните технолошки задачи без силна наука.

„Денес пред Русија и пред целиот свет стојат огромните предизвици на технолошкиот развој, обезбедувањето технолошка, еколошка, производствена безбедност. Природата и сложеноста на овие задачи е таква, што можат да се решаваат единствено со помош на силна наука и современи технологии“, истакна Путин.

Претседателот на РФ исто така им го честиташе на сите Денот на руската наука и изрази убедување дека значењето на тој празник излегува од рамките на академската заедница. Руската наука е општонационалнo и светскo богатство, смета Путин.

Авторските права на материјалите се во сопственост на редакцијата. При објавувањето на материјали од порталот „Руска реч на македонски“ во друг медиум, задолжително треба да се постави активен линк кон страницата од која е преземен текстот.
+
Лајкнете нѐ на Фејсбук.