Путин го потпиша законот за ратификација на договорот за „Турски тек“

Гасоводот значително ќе ги намали ризиците поврзани со транзитот на гас преку територијата на Украина.

Претседателот на Русија Владимир Путин го потпиша законот за ратификација на договорот со Турција за проектот на гасоводот „Турски тек“.

Документот е објавен на официјалниот интернет-портал за правни информации

Како што претходно истакна портпаролот на руската влада за ова прашање, државниот секретар-заменик-министер за енергетика Јуриј Сентјурин, договорот „предвидува создавање на поволна нормативно-правна рамка, вклучувајќи ги и даночните и царинските режими, за проектирање, изградба и последователна експлоатација на гасоводот“. Тој објасни дека „Турски тек“ е наменет за испорака на руски гас на територијата на Турција, како и „за обезбедување на исполнување од руска страна на своите обврски за испорака на гас на територијата на државите од Европската унија по 2019 година“.

Притоа, потенцира Сентјурин, новиот гасовод нема да овозможи целосно откажување од транзитот на горивото преку Украина, но ќе помогне „значително да се намалат ризиците поврзани со тоа“, пренесува ТАСС.

Авторските права на материјалите се во сопственост на редакцијата. При објавувањето на материјали од порталот „Руска реч на македонски“ во друг медиум, задолжително треба да се постави активен линк кон страницата од која е преземен текстот.
+
Лајкнете нѐ на Фејсбук.