Трамп: Не го познавам Путин и немам бизнис во Русија

Претседателот на САД Доналд Трамп реагира на обвинувањата упатени на негова адреса дека има врски со Русија.

Претседателот на САД Доналд Трамп на својот „Твитер“ профил изјави дека не го познава рускиот лидер Владимир Путин и дека нема бизнис во Русија.

Шефот на американската држава уште еднаш го нарече Иран терористичка држава број еден во светот.

„Не го познавам Путин, немам бизнис во Русија, а сите што ме мразат полудуваат, притоа Обама може да склучи договор со „терористот број еден“ Иран – нема проблем!“, напиша Трамп.

Претходно министерот за надворешни работи на Русија Сергеј Лавров изјави дека Иран никогаш не бил забележан дека има врска со „Исламската држава“, „Џебхат ан Нусра“ и слични терористички организации, пишува „Газета.ру“.

 

Авторските права на материјалите се во сопственост на редакцијата. При објавувањето на материјали од порталот „Руска реч на македонски“ во друг медиум, задолжително треба да се постави активен линк кон страницата од која е преземен текстот.
+
Лајкнете нѐ на Фејсбук.