Лавров:„квалитетна промена“ во пристапот на Трамп кон конфликтот во Украина

Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров изјави дека има „квалитетна промена“ кај американскиот претседател Доналд Трамп во однос на Украина.

Министерот за надворешни работи на Русија Сергеј Лавров изјави дека претседателот на САД Доналд Трамп се стреми да навлезе во суштината на проблемите во Украина и тоа претставува „квалитетна промена“ во споредба со ставот на администрацијата на претходниот претседател Барак Обама.

Тој исто така истакна дека воспоставувањето на целосна контрола на Киев над териториите на Донбас кои не се под негова контрола нема да ги реши сите проблеми на Украина. Според Лавров, тоа го разбираат и САД и Европа, пренесува „Взгљад“.

Претходно Трамп изјави дека САД немаат точна информација за тоа што се случува во Украина. Тој, на пример, истакна дека не се знае дали ДНР и ЛНР се контролирани од некого.

Претседателите на САД и на Украина, Доналд Трамп и Петро Порошенко, во саботата вечерта имаа телефонски разговор во кој Киев не ја доби од Вашингтон претходната поддршка.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња