Трамп ќе им помогне на Украина и Русија да стават крај на конфликтот

Вашингтон ќе соработува со Русија и Украина и ќе им помага во „воспоставувањето мир на нивната граница“, изјави Доналд Трамп во текот на телефонскиот разговор со претседателот на Украина Петро Порошенко. Според „Вашингтон Тајмс“, „помирувачкиот тон“ на Трамп значително се разликува од зборовите кои порано на адреса на Русија ги упати амбасадорот на САД во ООН Ники Хејли.

Претседателот на САД Доналд Трамп одржа телефонски разговор со претседателот на Украина Петро Порошенко во кој вети дека „ќе соработува со Украина и Русија и ќе ги отстрани тензиите меѓу нив“, пишува „Вашингтон Тајмс“.

„Ќе работиме со Украина, Русија и сите други вклучени страни за да им помогнеме да го обноват врати мирот на границата меѓу двете земји“, му кажа Трамп на Порошенко.

На тој начин Трамп се изјасни „со посмирен тон“ од американскиот амбасадор во ООН Ники Хејли, која претходно остро ја критикуваше Русија. Како што напоменува весникот, политичарката изјави дека „САД продолжуваат да ја осудуваат Русија и ја повикуваат Москва веднаш да ја прекине окупацијата на Крим“, пренесува РТ на руски.
 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња