Раководството на САД е „многу загрижено“ поради интензивирањето на борбите во источниот дел на Украина, изјави потпретседателот на САД Мајк Пенс во интервју за Еј-Би-Си Њуз.
Пенс изјави дека Владимир Путин и Доналд Трамп во текот на нивниот разговор дискутирале за украинското прашање, меѓутоа не прецизираше дали американскиот претседател изразил загриженост во врска со заострувањето на ситуацијата во Донбас.
Сепак, потпретседателот истакна дека укинувањето на санкциите против Русија е можно и во случај ако кршењето на примирјето во источна Украина продолжи. „Таква одлука ќе биде донесена во наредните месеци“, истакна Пенс.
Според политичарот, одлуката ќе зависи од тоа дали ќе се менува ставот на Русија за голем број на прашања, како и од нејзината подготвеност за соработка за прашања за кои Вашингтон и Москва имаат заеднички интереси, особено за борбата против ИД.
„Со Русија имаме заеднички интереси во борбата против радикалниот исламски тероризам и, особено, ИД. И ако немаме можност за соработка, мислам дека претседателот ќе бара можност да воспостави односи одново“, изјави Пенс, пренесува РТ на руски.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче