Трамп и Меј: Рано е да се зборува за укинување на санкциите

Претседателот на САД Доналд Трамп и премиерката на Велика Британија Тереза Меј ја коментираа можноста за укинување на санкциите против Русија.

„Преарано е да се зборува за тоа“, изјави претседателот на САД, пренесува РТ на руски.

„Ние би сакале да градиме прекрасни односи со многу земји“, рече Трамп.

Тој додаде дека се можни „прекрасни односи со Русија. Но, исто така, можно е и тоа да не се случи“.

Меј изјави дека е рано да се зборува за укинување на санкциите пред да се исполни „Минската спогодба“.

„Велика Британија ќе инсистира и ќе апелира до европските партнери санкциите против Русија да останат до реализацијата на „Минската спогодба“, изјави таа.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња