„Фокс Њуз“: Руски бомбардери Ту-95 ја „провоцираа” Јапонија

Поради оваа „провокација“командата на американската NORAD ја зголемила борбената готовност.

Два руски бомбардери Ту-95 прелетале покрај Јапонија и на тој начин ја натерале јапонската војска да испрати авиони-ловци, пишува „Фокс Њуз“. Командата на воздушно-космичката одбрана на Северна Америка (NORAD) го подигна нивото на борбената готовност, наведува телевизијата, повикувајќи се официјални лица од Пентагон.

Трет бомбардер Ту-95 полетал од авиобаза на истокот на Русија во близина на Тихиот океан, но не летал кон Јапонија, туку имал улога на авион за врска меѓу останатите бомбардери.

Сите три авиони слетале во базата Украинка која се наоѓа околу илјада милји оддалеченост од Јапонија.

Во мисијата учествувале и три авиони-танкери Ил-78 и два авиони-радари А-50. Меѓутоа, во близина на Јапонија прелетале само два бомбардери Ту-95.

Претставниците на Пентагон изјавија дека ова е прв прелет на руски авиони во близина на Јапонија годинава. Тие истакнаа дека авионите цело време се наоѓале во меѓународниот воздушен простор.

Веста за оваа „руска провокација“ дојде откако Пентагон соопшти дека новиот министер за одбрана на САД Џејмс Матис во својата прва странска посета ќе ги посети Јапонија и Јужна Кореја, пренесува РТ на руски.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња