„Дејли Меил“: Тунгускиот метеорит е сѐ поголема мистерија

Најсилната експлозија на светот се случи во Русија на 20 јуни 1908 година и имаше моќ како 185 Хирошими.

Руските експерти ја разнишаа теоријата за тоа дека експлозијата во Сибир, која имаше моќ како 185 Хирошими и која беше почувствувана во Велика Британија и САД, е предизвикана од пад на метеорит, пишува „Дејли Меил“.

Италијански научници мислеа дека езерото Чако е всушност кратерот на меторитот, но руски научници тврдат дека езерото „не е доволно младо“ и дека не може да биде кратер од оваа експлозија, се наведува во текстот.

Италијанските научници веќе 21 година го истражуваат таканаречениот Тунгуски феномен, тврдејќи дека слатководното езеро Чако е всушност кратерот од експлозијата и со тоа ја поткрепуваат својата теорија.

Но, руските геолози го проучија талогот од најдлабокиот дел на езерото и утврдија дека староста на земените примероци е околу 280 години, што значи дека езерото е постаро од експлозијата која се случи на 20 јуни 1908 година.

Руските научници не нудат никакво алтернативно објаснување, пишува весникот. Во минатото беа изнесувани различни теории: за ерупција на вулкан, за комета од мраз, за црна дупка која се судрила со Земјата, па дури и за вонземјани кои собориле метеорит за да ја спасат нашата планета.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња