На Европа ѝ ветуваат „патриотска пролет“

Водечките политичари од десната фракција во Европскиот парламент „Европа на нации и слободи“ во текот на конференцијата во германскиот град Кобленц во саботата ѝ ветија на Европа „патриотска пролет“, изјавувајќи дека референдумот за Брегзит и победата на Доналд Трамп на изборите во САД покажаа поволна за нив промена на политичките трендови, пишува „Фајненшел Тајмс“.

Во фракцијата „Европа на нации и слободи“ влегуваат францускиот „Национален фронт“, германската партија „Алтернатива за Германија“, белгиската „Фламански интерес“ и италијанската „Северна лига“.

Фајненшел Тајмс“ истакнува дека „без оглед на демонстрацијата на единство“, кај десните партии сѐ уште има несогласувања. Изданието забележува дека партиите ги ставаат националните интереси на земјата која ја претставуваат пред каква било форма на прекуграничка соработка.

Лидерот на „Националниот фронт“ Марин Ле Пен ги повика „сите, кои се обидуваат да најдат разлика меѓу нас“ да не се грижат и изјави дека тоа е „апсолутно неважно“. Ле Пен истакна дека Франција „отсекогаш била малку посоцијалистичка од Германија“ и додаде дека целта на конференцијата во Кобленц не е изработка на некаква „обединета политика“ на овие движења.

Весникот истакнува дека учесниците на конференцијата се позиционираат себеси како дел од широко меѓународно движење на чија страна застанала историјата.

„Ние го живееме крајот на еден свет и раѓањето на нов, исполнет со надеж“, изјави Ле Пен. Според неа, 2016 година е годината кога „англосаксонскиот свет се разбуди“. „И јас сум сигурна дека 2017 година е годината кога и Европскиот континент ќе се разбуди“, додаде таа.

Шефот на холандската „Партија на Слободата“ Герт Вилдер е согласен со неа. „Вчера Америка, денеска Кобленц и утре – нова Европа“, изјави тој. „Патриотите победуваат. Времето на промени дојде“, додаде Вилдерс.

Италијанскиот пратеник Гуљелмо Пики од своја страна изјави дека сите партии на конференцијата во Кобленц се стремат да го вратат суверенитетот на народите на своите земји. „Да им се врати контролата над границите, даноците, валутата и сопствената иднина“, рече Пики.

Делегатите ја поздравија идејата за формирање коалиција на патриотски сили, пренесува „Взгљад“.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња