Порошенко ја отфрла идејата за откажување од Донбас

Претседателот на Украина Петро Порошенко изјави дека Киев не се откажува од Донбас.

Претседателот на Украина Петро Порошенко го критикуваше предлогот на некои политичари за откажување од Донбас.

„Колку и да е жално да се зборува за тоа на Денот на обединувањето, но ние имаме политички сили кои внимателно прикриена форма ни нудат да се откажеме од Донбас... Сакам да им упатам на тие политичари едно прашање: Господа, а вие ли ги собиравте тие територии за да се расфрлате со нив?“, изјави Порошенко на прославата на Денот на обединувањето на Украина во Киев, пренесува „Интерфакс“.

Порошенко истакна дека тие политички сили повикуваат „ да се однесуваме жителите на окупираните области како да тие веќе не се наши украински граѓани“.

„Таквата стратегија 100% нема да доведе до мир“, потенцираше украинскиот претседател. „Целта на Русија не се Донецк или Луганск, целта на Русија е цела Украина“.

Порошенко исто така изјави дека до решавање на прашањата на безбедноста во Донбас нема да се внесуваат промени во Уставот на земјата. „Пред да ги решиме овие проблеми на агендата нема и нема да има политички прашања, меѓу другото ова се однесува и на измените на Уставот“, изјави претседателот на Украина.

Тој увери дека украинската страна продолжува да ја почитува „Минската спогодба“. „Ние ја почитуваме „Минската спогодба, колку и да беше тешко за нас, што ѝ овозможи на нашата дипломатија да ја добие тешката борба за продолжување на санкциите против Русија во целиот свет“, изјави Порошенко.

Шефот на украинската држава истакна дека притоа Украина нема да се откаже од своите принципиелни позиции. „Исто така во тежок дијалог ги убедивме нашите западни сојузници дека на какви било чекори кон политичко решение мора да им претходи очигледен и неоспорен напредок во безбедносните прашања“, изјави украинскиот претседател.

 

 

 

 

 

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња