Трамп му заблагодари на руски рапер за анимирано видео

Продуцентката на Ша Ман (Sha Man), руски изведувач во подем, ја испратила песната до прес-службата на Трамп и доби одговор.

Рускиот рапер Ша Ман (Sha Man) на денот на инаугурацијата на Доналд Трамп реши на свој начин да го поддржи новоизбраниот претседател на САД. 30-годишниот хип-хоп артист му посвети песна под наслов „Трамп“. Песната е проследена со анимирано видео на два јазик – англиски и руски, и ја објави на интернет.

 

Како што изјави за „Лајф“ раперот лично, во текот на предизборната кампања на Доналд Трамп тој и продуцентката Јулија Рибакова го испратиле видеото до прес-канцеларијата на тогашниот претседателски кандидат. Музичарот се шокирал кога на 13 јануари добил одговор од истата канцеларија Трамп. Писмото содржи благодарност и восхит од идејата за анимираното видео.

„Со своето видео едноставно сакаме да го поддржиме претседателот, а излезе дека нѐ забележале и нѐ оцениле. Мислам дека Доналд Трамп лично го видел видеото, затоа што мојата продуцентка има врски со неговите претставници. Анимираните видеа сѐ уште не се клише, поедноставно е да се насликаат сите доблести на еден човек отколку да се направи колаж од публикации во медиумите“, изјави Ша Ман.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња