Чубајс: Учесниците во Давос се преплашени

Претседателот на управата на „Роснано“ Анатолиј Чубајс изјави дека учесниците на Светскиот економски форум во Давос се преплашени од глобалната политичка катастрофа и чувството на „распад на светот изграден по Втората светска војна“.

„На ужасот што го чувствувам сега во Давос кај апсолутното мнозинство учесници, во текот на сите години од моето учество во Давос, можам да се сетам само еднаш (...) Тоа беше Давос 2009 година, кога почнуваше светската финансиска криза“, изјави Чубајс во интервју за „Бизнис ФМ“.

Според него, степенот на страв во 2017 година од глобалната политичка катастрофа се изразува со формулата „светот, изграден по Втората светска војна, се руши, повеќе не постои“. Чубајс потенцира дека банкарите со трепет го очекуваат доаѓањето на Доналд Трамп на власт во САД.

„Како што рече една од големите американски учеснички, претседателот Трамп има само две опции: или ќе се откаже од сето она што го кажа досега, или ќе нѐ донесе сите нас до катастрофа“, изјави Чубајс.

Тој смета дека целата „сегашна катастрофа е чисто политички феномен“ кој се случува првпат во последниве 25 години, пренесува „Взгљад“.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња