Медиум: Русија нема да рика на ЕУ ако добие право на глас во неа

Русија останува главниот стратешки проблем на Европа, пишува колумнистот на весникот „Индепендент“ Хемиш Мекреј. Затоа, на Москва треба да ѝ се даде право на глас, за да може таа да влијае на развојот на континентот во целина и да престане да биде „лошиот, деструктивен сосед“.

Генерално ЕУ го доживува Брегзит негативно, пишува колумнистот на весникот „Индепендент“ Хемиш Мекреј. Сепак, според него, Европа би можела да извлече одредена полза од таа ситуација.

Најдобриот аргумент во прилог на тоа може да се најде во документот објавен од бриселскиот истражувачки центар БРОЈГЕЛ. Авторите на извештајот предлагаат нова форма на соработка – континентално партнерство: „Велика Британија ќе има право да влијае на политиката на ЕУ, но формално организацијата ќе ја задржи власта. Така, во Европа ќе се појави внатрешен круг претставуван од ЕУ, со длабока политичка интеграција, и надворешен круг – со помала интеграција.

Мекреј признава дека тој пристап бил студено дочекан во Брисел. Но, треба ли да се очекува поинаква реакција? Европските бирократи се стремат да ја задржат својата власт која ја поткопува секоја земја која ја напушта ЕУ.

Па сепак, според авторот на статијата, концептот за континентално партнерство изгледа привлечно. Внатрешното јадро (ЕУ) може да ја продолжи интеграцијата, но треба да го зема предвид мислењето на надворешниот круг во однос на развојот на целиот континент. 

Најважното стратешко прашање за Европа сега претставува Русија, смета колумнистот. Европа треба да најде начин да ја врати земјата во своите редови, за да нема на источното крило „лош, деструктивен сосед“.

Идејата за надворешен круг може да стане активен модел не само за Велика Британија, туку и за Русија, „колку и да ни се чини неверојатно со нејзиното сегашно раководство“.  Давањето право на глас на Москва во ЕУ изгледа незамисливо, но на мнозинството луѓе исто толку незамислива им се чинеше и идејата за излегувањето на Обединетото Кралство од европскиот блок, потенцира новинарот.

„Во нивниот документ истражувачите од институтот БРОЈГЕЛ не одат толку далеку, предлагајќи сличен модел за Турција и Украина. Но помислете за наградата: како резултат на тоа ние ќе ја добиеме Русија, со која Европа ќе може да соработува, а не онаа, која рика на својата граница“, заклучува Хамиш Мекреј, пренесува РТ на руски.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња