Вашингтон смета дека „светот ќе пропаднеше“ без одговорот на САД за Крим

САД беа должни да реагираат на настаните поврзани со Крим, изјави заменикот на помошникот на претседателот за национална безбедност Бен Роудс.

„Кога се случи одземањето на територијата на странска држава, ние носевме одговорност за организацијата на одговорот на тој потег. Без тоа светот ќе пропаднеше“, изјави тој, имајќи го предвид присоединувањето на Крим кон Русија.

Роудс притоа призна дека Вашингтон го почитува правото на Москва на сопствени интереси.

Според него, „САД многу направија“ заедно со Русија, кога претседател беше Дмитриј Медведев.

„Ние постигнавме нов договор за намалување на нуклеарното оружје, го поддржавме зачленувањето на Русија во СТО, го укинавме важењето на амандманот Џексон-Веник“, потенцираше Роудс, пренесува РИА „Новости“.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња