Руската и турската авијација спроведуваат заедничка операција против ИД

Во операцијата учествуваат девет руски авиони (четири Су-24М, четири Су-24 и еден бомбардер Су-34), како и осум турски авиони (четири F-16 и четири F-4).

Руските и турските воздухопловни сили ја спроведуваат првата заедничка воздушна операција против терористичката организација „Исламска држава“, изјави началникот на Главната оперативна управа на рускиот Генералштаб генерал-потполковник Сергеј Рудској.

Операцијата, која беше договорено со сириската страна, се реализира во населбата Ел Баб. Во неа учествуваат девет руски авиони (четири Су-24М, четири Су-24 и еден бомбардер Су-34), како и осум турски авиони (четири F-16 и четири F-4).

Тие вршат  напади врз 36 објекти, додаде. „Сакам да истакнам дека сите овие напади се однапред договорени по линија на генералштабовите и командите на авиогрупите на двете земји“, изјави тој, пренесува РИА „Новости”.

Според генерал-потполковникот, оценката на првите резултати од операцијата покажува висока ефикасност на заедничките акции на руските и турските групи.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња