Успешно извршено гаѓање со ракета „Топол М“

Интерконтитентална балистичка ракета „Топол М“ беше успешно лансирана од космодромот Плесецк, соопшти Министерството за одбрана на Русија.

Интерконтитентална балистичка ракета „Топол М“ беше успешно лансирана од космодромот Плесецк, соопшти одделот за информирање и масовна комуникација на Министерството за одбрана на Русија.

Ракетата е лансирана од заедничката борбена единица на Ракетните сили за стратешки намени и Воздушно-космичките сили на 16 јануари. Школската боева глава на ракетата успешно ја погоди замислената цел на полигон на полуостровот Камчатка, се вели во соопштението што го пренесува РИА „Новости“.

Тестирањето е извршено, како што се истакнува, со цел потврда на стабилноста на летачко-техничките карактеристики на ракетите од овој тип.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња