Лавров: Времето на меѓународните политички демагози поминува

Министерот за надворешни работи на Русија Сергеј Лавров одржа прес-конференција за резултатите на руската дипломатија во 2016 година.

На прес-конференцијата на шефот на руската дипломатија присуствуваа околу 150 руски и повеќе од 300 странски новинари, пренесува РТ на руски.

Во текот на своето излагање министерот зборуваше за заканата на меѓународниот тероризам, односите со САД, со ЕУ и НАТО, за Сирија, Украина, Јапонија, за односите со администрацијата на Трамп и соработката со Џон Кери.

Тој исто така се осврна и на ситуацијата на Балканот и изјави дека ЕУ треба да влијае на настанатата ситуација меѓу Србија и Косово.

„Меѓутоа, историјата нѐ учи дека историјата не нѐ учи на ништо. Се надевам дека овојпат сите ја разбираат потребата за избегнување на воен судир“, истакна Лавров.

„Како што кажав на почетокот, заострувањето се прави со политиката на оние кои на сите балкански народи им ги наметнуваат таканаречените европски вредности во ново, современо, постхристијанско пакување“, истакна Лавров.

„Можам да кажам само едно - ЕУ треба да ја смири ситуацијата и да постапи така што ќе се исполнуваат договорите меѓу Белград и Приштина постигнати со посредство на Брисел, а тие кажуваат да не се ограничува слободата на движење на луѓето и дека на северот на Косово, каде што живеат Срби, не треба да има албански припадници на полицијата. Мислам дека барем неколку од тие договори во овој случај беа прекршени“, изјави рускиот министер.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња