Екс-заменик-директор на ЦИА: Путин треба да му го подари Сноуден на Трамп

Поранешниот заменик-директор на ЦИА Мајкл Морел смета дека Путин треба да направи од Едвард Сноуден „подарок“ за Доналд Трамп по повод неговата инаугурација. Таквиот „подарок“ би му бил многу корисен на новиот американски лидер и сериозно би ги зацврстил личните односи меѓу Путин и Трамп.

Владимир Путин може да му даде на Доналд Трамп прекрасен подарок во чест на неговата инаугурација. А тој подарок е Едвард Сноуден, пишува во статија за The Cipher Brief поранешниот заменик-директор на ЦИА Мајкл Морел.

Морел истакнува дека Сноуден откри повеќе тајни информации од било кој друг во историјата на САД. Според поранешниот разузнавач, тој „лично ги гледал“ последиците и штетата предизвикана од активностите на поранешниот соработник на НСА, бидејќи во тоа време сѐ уште бил на функцијата.

Според Морел, постојат неколку причини зошто таквиот гест ќе биде од корист на Путин. Поранешниот заменик-шеф на ЦИА смета дека на рускиот лидер му е потребно да изгради со новиот претседател на САД такви односи, при кои Америка би замижувала пред „антидемократските“ постапки на Москва во земјата и во странство во замена за соработка во сферите каде што американските и руските интереси се поклопуваат. Ова ќе му овозможи на Путин да се осигура дека Русија и САД ќе бидат на исто ниво.

Рускиот лидер е сигурен дека ќе има можност да го постигне кога Трамп ќе стане претседател, а најдобар начин да се постигне оваа цел е да се продолжи да се градат личните односи со новиот шеф на САД. А испорачувањето на Сноуден прекрасно одговара за оваа намена, убеден е Морел. Покрај тоа, Путин на тој начин ќе убие два зајака: на Трамп ќе му даде вреден подарок и патем ќе го налути Барак Обама ако го качи Сноуден во авион токму во моментот кога Обама веќе нема да биде претседател.

Таквиот подарок ќе биде многу корисен за Доналд Трамп. Тој ќе покаже дека неговите односи со Путин и новиот пристап кон Русија веќе вродуваат со плод. Покрај тоа, Трамп ќе биде во можност да покаже дека тој, кој штотуку стапил на должност, веќе ги решава проблемите кои претседателот Обама не можеше да ги реши. Освен тоа, испораката на Сноуден на САД сериозно ќе помогне да се намалат тензиите меѓу Трамп и разузнавачката заедница.

Притоа Морел пишува дека меѓу САД и Русија нема договор за екстрадиција. Сепак, авторот смета дека Путин е „мошне снаодлив“ за да го реши овој проблем и да најде во сопственото законодавство начин како да го депортира Сноуден, пренесува РТ на руски.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња