Захарова: САД фактички иницираат нова трка во вооружување

Портпаролот на МНР РФ Марија Захарова изјави дека САД иницираат нова трка во вооружување.

„Фактички Вашингтон иницира нова трка во вооружување, се обидува да ни наметне конфронтативен модел на односи, сличен на оној од времето на студената војна“, се вели во изјавата на Захарова објавена на сајтот на МНР РФ.

Таа изразува несогласување со тезата според која „распоредувањето на американска војска во Европа не игра никаква особена улога на воен план“.

„Плановите за масовно распоредување на вооружени сили во Европа што ги реализираат САД имаат силен деструктивен потенцијал за целата архитектура на европската безбедност, создаваат нова воено-политичка реалноста, внесуваат значаен дисбаланс во распоредот на силите на континентот, се закануваат со долгорочни деструктивни последици на евроатлантскиот простор“, истакнува Захарова.

На 14 јануари во Полска беше распоредена тенковска бригада со 3,5 илјади американски војници. Покрај тоа, уште во октомври 2016 година норвешката влада им дозволи на САД да распоредат 300 маринци во градот Вернес во централниот дел на земјата, 1000 км од границата со Русија, пренесува РТ на руски.

 

 

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња