Валуев раскажа за најстрашната средба во неговиот живот

Боксерот и пратеник во Државната дума Николај Валуев раскажа за најстрашниот момент во неговиот живот.

За најекстремен момент во животот на познатиот боксер и пратеник во Државната дума на РФ Николај Валуев ја смета средбата со една мечка во планините на Ерменија, пренесува „Њуз Ерменија“

„На едно од утринските трчања во планините на Ерменија, јас и мојот тренер се сретнавме лице в лице со огромна мечка. Беше голема како бик. Јас останав да стојам во место. Тренерот си ја летна по падината, а мечката отиде на друга страна“, ги цитира зборовите на Валуев  bryansktoday.ru.

Николај се пошегува дека тогаш не знаел кој трчал побрзо.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња