Штабот на новоизбраниот претседател на САД Доналд Трамп ја негираше информацијата дека тој има намера да се сретне со претседателот на Русија Владимир Путин во Рејкјавик. Ова го соопшти портпаролот на Трамп, пренесува „Газета.ру“.
Како што се истакнува, претставникот на новоизбраниот претседател ги нарече таквите соопштенија „стопроцентна лага“.
Претходно британскиот весник „Сандеј Тајмс“ соопшти дека Трамп има намера да се сретне со Путин во Рејкјавик. Според информациите на изданието, тоа би вила првата посета на странство Трамп на позицијата американски претседател.
Подоцна МНР Исланд истакна дека гледа позитивно на можноста да ги ги прими рускиот и американскиот лидер.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче