Петиција во Мексико: Путин, потребен си ѝ на Латинска Америка

Во Мексико во тек е петиција со која се бара претседателот на РФ Владимир Путин да ги реши проблемите на таа земја.

Петиција на шпански јазик со барање до претседателот на Русија Владимир Путин да се вмеша во внатрешните работи на Мексико за решавање на проблемите во таа земја се појави на сајтот change.org.

„Политичката ситуација во Мексико се наоѓа во најлошата состојба во целата историја“, истакнува авторот на петицијата Фреппо Совиетико. Петицијата е насловена како „Руска вмешаност во Мексико за отстранување на лошата влада“.

Според мислењето на Совиетико, ниту САД, ниту ООН не прават ништо за да се поправи ситуацијата во Мексико. „САД со големо задоволство добиваат ресурси од Мексико и недостига човек, способен да ги запре овие мексикански корумпирани политичари, кои сѐ подаруваат и крадат“, пишува Фреппо Совиетико во описот на неговата иницијатива.

„Денес Мексико крвари од таквиот грабеж и таквите стаорци. Владимир Путин, потребен си во Латинска Америка“, истакнува авторот.

Петицијата веќе собра неколку илјади гласови, пренесува РИА „Новости“.

 

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња