Министерството за одбрана на Русија со критика до ООН поради Алепо

Министерството за одбрана на Русија ги критикува меѓународните организации за недоволно помагање на населението на Алепо.

Министерството за одбрана на Русија соопшти дека еден месец по ослободувањето на сирискиот град Алепо не пристига реална помош за цивилното население од меѓународните хуманитарни организации, вклучувајќи ги и ООН, се вели во соопштението МО РФ, пренесува „Лента.ру“.

„Се добива впечаток дека многу хуманитарни организации кои претходно наводно се пробиваа со хуманитарна помош во опсадениот Алепо, по ослободувањето на градот за миг изгубија секаков интерес за него, заедно со желбата да помогнат“, потенцира портпаролот на Министерството за одбрана на Русија Игор Конашенков.

Според него, во моментов основната помош жителите на Алепо ја добиваат од рускиот Центар за помирување на завојуваните страни, Меѓународниот комитет на Црвениот крст и сириската Црвена полумесечина.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња