Германски служби ја обвинуваат РФ за поткопување на односите меѓу ЕУ и САД

Германските тајни служби во извештај до владата ја обвинуваат Русија за поткопување на блиските врски меѓу ЕУ и САД.

Специјалните служби на Германија ја обвинуваат Русија за систематско поткопување на односите меѓу Европа и САД, соопштува неделникот „Шпигел“ повикувајќи се на новиот извештај за германската влада.

Документот е изготвен заеднички од страна на Федералната разузнавачка служба и на германската Федерална канцеларија за заштита на уставот.

Според весникот, авторите на извештајот заклучуваат дека Москва со години има влијание во земјите на ЕУ и „намерно се обидува да ги влоши постојните, особено на Запад, општествени конфликти“, сакајќи „да ги доведе во прашање тесните врски со САД“.

Според изданието, во моментов во владата на Германија се води дискусија за тоа како да се запознаат со содржината на извештајот пратениците на Бундестагот и јавноста, како и дали има потреба од тоа.

 

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња