Руските хокеарки ги натераа чешките навивачи да ја сослушаат руската химна

По победата на Русинките навивачите на противничката репрезентација ја исвиркаа руската химна, но девојките најдоа начин да ги замолкнат.

Во текот на натпреварот меѓу младинските женски репрезентации на Русија и Чешка во четврт-финалето на Светското првенство во хокеј, се случија неколку непријатни инциденти: хокеарките се степаа на мразот, а по победата на Русинките навивачите на противничката репрезентација ја исвиркаа руската химна.

Меѓутоа, Русинките најдоа начин да ги замолкнат. На интернет се појави снимка како девојките, прегрнати, ја пеат химната на РФ.

 

Во текот на натпреварот дојде и до тепачка. По судирот пред голот на руската репрезентација, капитенот на Русинките ја турна противничката на мразот, при што и двете заработија исклучување.

Русинките го добија мечот со 2:0, пренесува „Взгљад“.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња