Русија ги наведе условите за нормализација на односите со НАТО

На односите меѓу Русија и НАТО им треба „заедничка ревизија“ на пристапите за справување со современите закани, изјави заменик-министерот за надворешни работи на Русија Алексеј Мешков.

Во интервју за ТАСС, заменик-министерот за надворешни работи на Русија Алексеј Мешков изјави дека трите состаноци минатата година во рамките на Советот Русија-НАТО може да се гледаат како излез од „долгата тешка болест“ и како постепено враќање на реално конструктивната и деполитизирана работата на Советот.

„Апсолутно очигледно е дека нормализацијата на односите меѓу Русија и НАТО е можна доколку се има како политичка, така и воена компонента. Сепак, обновата на воените контакти и дијалогот по воена линија можат да се реализираат само во случај на подготвеност на Алијансата да ги земе предвид руските предлози во сферата на нормализација на односите, како и откажување од формалното задржување на привидот на дијалог со нашата земја“.

„Понатамошните обиди за игнорирање на наведениот факт од страна на Алијансата, во крајна линија, како што покажува животот, негативно се одразуваат на безбедноста на сите држави во евроатлантскиот регион“, заклучува Мешков.

 

Авторските права на материјалите се во сопственост на редакцијата. При објавувањето на материјали од порталот „Руска реч на македонски“ во друг медиум, задолжително треба да се постави активен линк кон страницата од која е преземен текстот.
+
Лајкнете нѐ на Фејсбук.