Московјанин доби сметка од 57 илјади долари за паркинг на аеродром

Паркинг-системот на аеродромот „Шереметјево“ погрешно пресметал дека автомобилот стоел 17 години на паркингот.

Жителот на Москва Андреј Вилевалт беше шокиран кога доби сметка за паркирање на аеродромот „Шереметјево“ во износ од 3379800 рубли (57000 американски долари). Ова тој го објави на својата страница на социјалната мрежа „Вконтакте“ на 12 јануари. Според возачот на автомобилот, тој го паркирал автомобилот за 45 минути, а системот пресметал дека автомобилот бил на паркингот повеќе од 17 години.

Post by Andrey Villevaldt
#шереметьево выпусти!!! В Шарике образовалась черная дыра - заехал на 45 минут и вместо 200 ₽, надо заплатить 3 379 800 ₽!! Почему? Потому что въехал на парковку 17(!!!) лет назад! ? высокая цена за право быть первым путешественником во времени...
P.S. Я подошел к автомату и вставил карточку..

Вилевалт изјави за Autonews.ru дека проблемот е решен во управата на аеродромот. „Операторите се извинија и рекоа дека треба да платам само 200 рубли за еден час паркинг“, изјави возачот.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња