Картер: САД и РФ можат да ја обноват соработката во духот на 1990-те

Министерот за одбрана на САД Ештон Картер не исклучува обнова на воената соработка со Русија во духот на 1990-те години.

Министерот за одбрана на САД Ештон Картер не исклучува обнова на воената соработка со Русија во духот на 1990-те години.

„Важно е да се држи вратата отворена, работејќи со Русија онаму, каде што нашите интереси се совпаѓаат, или кога може да ги направиме да се совпаѓаат. Како што кажав, имаше време по студената војна кога Русија соработуваше со САД и други земји, давајќи придонес во принципите на меѓународниот поредок, а не поткопувајќи ги... Веројатно, кога и да е, тој дух повторно ќе заживее“, изјави Картер, говорејќи во центарот за меѓународни и стратешки истражувања во Вашингтон, пренесува РИА „Новости“.

Како пример за успешна соработка шефот на Пентагон ја наведе програмата за заедничко намалување на опасноста од оружјето за масовно уништување (таканаречената програма на Нан – Лугар), согласно која САД делумно го финансираа намалувањето на руските нуклеарни арсенали. Критичарите на програмата истакнуваа дека значителен дел од парите одеше за американските компании и консултанти, а војниците во текот на инспекциите можеа да добијат пристап до тајни информации.

Авторските права на материјалите се во сопственост на редакцијата. При објавувањето на материјали од порталот „Руска реч на македонски“ во друг медиум, задолжително треба да се постави активен линк кон страницата од која е преземен текстот.
+
Лајкнете нѐ на Фејсбук.