Бројот на туристи во Санкт Петербург го надмина бројот на жители

Бројот на жители на Санкт Петербург во 2016 година стана помал од бројот на туристи кои го посетиј овој град.
Снег на плоштадот „Дворцоваја“ во Санкт Петербург
Снег на плоштадот „Дворцоваја“ во Санкт Петербург, 8 ноември 2016. Извор: Алексеј Даничев / РИА „Новости“

Во 2016 година бројот на постојани жители на Санкт Петербург стана помал од бројот на туристи, соопштува „Росијскаја газета“ повикувајќи се на истражувањето на градскиот комитет за туризам.

Вкупниот број на туристи во Санкт Петербург во 2016 година изнесува 6,9 милиони луѓе. А населението на градот, според статистичките податоци, е вкупно 5,2 милиони. Како што истакнува градскиот комитет за туризам, бројот на туристи е зголемен без оглед на кризата – во 2015 година градот го посетиле 6,5 милиони луѓе. 

Во декември Санкт Петербург втора година по ред стана победник на конкурсот World Travel Awards за најдобра туристичка дестинација во Европа, оставајќи ги зад себе Амстердам, Барселона, Берлин, Јоркшир, Лисабон, Лондон, Париз, Порто, Истанбул, Единбург, Венеција, Рим и Фиренца.

 

Авторските права на материјалите се во сопственост на редакцијата. При објавувањето на материјали од порталот „Руска реч на македонски“ во друг медиум, задолжително треба да се постави активен линк кон страницата од која е преземен текстот.
+
Лајкнете нѐ на Фејсбук.