Захарова: Обама има уште девет дена да го уништи светот

Портпаролот на Министерството за надворешни работи на Русија Марија Захарова е загрижена од можните дејствија на администрацијата на Барак Обама во последните девет дена од мандатот на американскиот претседател.

Портпаролот на Министерството за надворешни работи на Русија Марија Захарова изрази загриженост поради можните активности на администрацијата на Обама во останатите девет дена од неговото претседателствување, пренесува РИА „Новости“.

Новата американска администрација ќе го започне својот мандат по инаугурацијата на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп, која ќе се одржи 20 јануари.

„Секој ден читам вести од Вашингтон: нови санкции против Русија, испорака на преносни ракетни системи за сириските колачи, целосно бесмислени, но штетни активности во сите области на надворешната политика. Бог го создаде светот за седум дена. Администрацијата на Обама има два дена повеќе да го уништи“, напиша Захарова на својата страница на „Фејсбук“.

 

 

Авторските права на материјалите се во сопственост на редакцијата. При објавувањето на материјали од порталот „Руска реч на македонски“ во друг медиум, задолжително треба да се постави активен линк кон страницата од која е преземен текстот.
+
Лајкнете нѐ на Фејсбук.