Медиум: руските милијардери станаа уште побогати по победата на Трамп

Богатството на руските милијардери по победата на Доналд Трамп на претседателските избори во САД се зголеми за 29 милијарди долари, пишува „Форбс“.

Зголемувањето се должи на зајакнувањето на националната валута и зголемувањето на вредноста на руските хартии од вредност, истакнува „Форбс“.

Максимален пораст на приходите од 8 ноември 2016 покажа првиот човек на управата на компанијата за гас НОВАТЕК (НОВАТЭК) Леонид Михељсон. Вредноста на активата на бизнисменот, според „Форбс“, се зголемила за 1,9 милијарди долари, и вкупно изнесува 18,2 милијарди долари. Михелсон е рангиран на прво место на листата со најбогатите руски претприемачи во 2016 година.Покрај тоа, значително порасна и богатството на претставниците на металуршката и рударската индустрија: првиот човек на бордот на директори на ПАО „Северстаљ“  Алексеј Мордашов стана побогат за 1,6 милијарди долари, како и сопственикот на НЛМК Владимир Лисин – за 1,4 милијарди долари.

Притоа, како што истакнува „Форбс“, ако богатството на американските милијардери  по победата на Трамп на изборите се зголеми во просек за 2,8%, најбогатите Руси станаа побогати во просек за 7,1%, пренесува РИА „Новости“.

Авторските права на материјалите се во сопственост на редакцијата. При објавувањето на материјали од порталот „Руска реч на македонски“ во друг медиум, задолжително треба да се постави активен линк кон страницата од која е преземен текстот.
+
Лајкнете нѐ на Фејсбук.