Борис Џонсон смета дека треба да престане демонизацијата на Русија

Британскиот министер за надворешни работи Борис Џонсон на средба со американски конгресмени повика да престане демонизацијата на Русија.

Според министерот Џонсон, Лондон и Вашингтон во однос на Москва треба да ја реализираат стратегијата на „ангажман и будност“.

„Ние им укажавме на новата администрација и Конгресот дека (...) би било лудост да се демонизира Русија или да се втера во агол“, изјави министерот, пренесува агенцијата „Спутник“.

Борис Џонсон престојуваше во официјална посета на Њујорк и Вашингтон, каде што оствари голем број средби со советниците на Доналд Трамп и членови на Конгресот на САД.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња